HomeРЕФЛЕКТОРФилмТом Хидлстон сепак нема да биде новиот Џејмс Бонд!

Том Хидлстон сепак нема да биде новиот Џејмс Бонд!

Иако уште кога и стана официјално дека Даниел Крејг нема да го игра Џејмс Бонд во следното продолжение на популарната франшиза за тајниот агент 007 постојано се шпекулираше дека Том Хидлстон ќе биде неговата замена, сепак на крајот се чини дека некој друг ќе ја добие оваа улога, а не како што сите претпоставуваа. Имено, според таблоидите продуцентите на новото продолжение на филмскиот серијал Џејмс Бонд воопшто не биле воодушевени од тоа што Том „трча по плажите на Роуд Ајсланд“ заедно со неговата нова девојка, пејачката Тејлор Свифт.

Хидлстон преку своите улоги го привлече вниманието, посебно со улогата во серијата „The Night Manager“ и токму тоа му пружи шанса да ја добие улогата на Џемс Бонд. Но, тој сон се чини дека се ближи кон својот крај, пренесуваат медиумите. Според таблодот, на „сериозните луѓе“ во филмаска индустрија наводно не им се допаднало нивниот Бонд да трча по плажа во блуза на која пишува „Ја сакам Т.С.“ Продуцентите бараат доза на тајност кога е улогата на Бонд во прашање, па токму поради тоа се чини дека се предомислиле и Хидлстон нема да го глуми популарниот агент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com