HomeДЕНЕШНАСветТинејџер преживеал амеба која му го јадела мозокот

Тинејџер преживеал амеба која му го јадела мозокот

Тинејџерот Себастијан Леон од Флорида е само четвртиот регистриран пациент во светот кој успеал да преживеа амеба која го заразила неговиот мозок, а истата е една од најопасните бидејќи предизвикува трајни оштетувања со смртни последици. Лекарскиот тим кој смета дека станува збор за вистинскo чудо се сомнева дека Себастијан ја добил инфекцијата додека пливал во приватен базен.

Тој имал огромна среќа бидејќи по брзо направениот преглед лекарите детално ги анализирале снимките и ја откриле смртоносната амеба Naegleria fowleri. Веднаш потоа нарачале специјален лек кој се изработува во фармацевстка компанија во Орландо и третманот брзо бил спроведен. Сега Себастијан е среќен што ќе го продолжи животот без големи трајни последици.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com