HomeФЕР ПЛЕЈТенисТим го елиминираше Федерер во Рим

Тим го елиминираше Федерер во Рим

Доминик Тим ја оствари веројатно најголемата победа во досегашниот дел од својата кариера елиминирајќи го Роџер Федерер од Мастерс турнирот во Рим. Австрискиот тенисер го совлада Швајцарецот со 2:0, односно 7:6(2), 6:4. Оваа победа и не е некое големо изненадување доколку се земе во предвид одличната форма на Тим, а и фактот дека Федерер го игра четвртиот турнир оваа сезона.

Швајцарецот добро го започна дуелот со младиот Австријанец, спасувајќи брејк шанса во вториот гејм и во петиот успеа да му направи брејк на ривалот. Сепак, Тим брејкот го врати веќе во наредниот гејм, за потоа во тај-брејкот да биде убедлив добивајќи го со 7:2. Во вториот сет еден брејк беше одлучувачки. Тим во петиот гејм успеа да дојде до гејм на сервис на Федерер и до крајот прилично рутински ја заврши работата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com