HomeФЕР ПЛЕЈФудбал„Тигарот“ си пронајде нов клуб во Премиер лигата?

„Тигарот“ си пронајде нов клуб во Премиер лигата?

Фудбалерот на Монако Радамел Фалкао, кој веќе две сезони ги помина во Премиер лигата како позајмен фудбалер на Манчестер Јунајтед и Челси, е голема желба на новиот премиерлигаш Мидлзбро, пренесуваат англиските медиуми. Фалкао ниту во Монако ниту во Челси и Јунајтед не успеа да се снајде најдобро и да ги повтори одличните партии кои ги пружаше во дресот на Атлетико Мадрид.

Токму тука Мидлзбро ја гледа својата шанса, и како што пренесуваат медиумите во Англија, првиот човек на клубот Стив Гибсон веќе стапил во контакт со агентот Жорже Мендеш, кој го застапува Колумбиецот и му ја претставил својата понуда. Фалкао во текот на својата кариера настапуваше и за Ривер Плата и Порто, додека потполна афирмација доживеа во Атлетико Мадрид за кој запиша 91 настап и постигна 70 погодоци и освоени титули во Лига Европа, УЕФА Суперкупот и шпанскиот Куп на Кралевите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com