HomeРЕФЛЕКТОРМузикаТејлор Свифт освои необична награда

Тејлор Свифт освои необична награда

иако Добивањето награди не претставува никаква новост за популарната пејачка Тејлор Свифт, бидејќи ги има толку многу што можеби добивање на уште една и нема да направи некоја разлика.Сепак, последната во низата награди на пејачката е единствена во музичкиот свет и целиот случај е помалку бизарен. Односно, Тејлор Свифт ќе ја добие наградата „Тејлор Свифт“. Станува збор за награда што го носи нејзиното име и која им се доделува на композитори.

Колку и да звучи необично, оваа не е прв случај уметник да добие награда со неговото име. Поп ѕвездата Мајкл Џексон во 1990 година доби наградата „Мајкл Џексон“ .Младата пејачка сигурно ќе најде посебно место на рафтовите за оваа посебна награда, која дефинитно се издвојува од сите нејзини претходни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com