HomeАНТИСТРЕСШтосноТејлор Свифт во необично издание за насловната на „Вог“

Тејлор Свифт во необично издание за насловната на „Вог“

Насловната страна на магазинот „Вог“ овој пат ја краси слатката, русокоса пејачка Тејлор Свифт. Со природен изглед, нагласени усни и нешто поекстраваганtен фустан Тејлор Свифт во новиот број на магазинот „Вог“  раскажува за своите музички почетоци, за трансформацијата, но и за љубовта со диџејот Келвин Харис.

„- Може да ги погледнам старитее фотографии и да ја кажам точната година кога се снимени. Минувањето низ различни фази, е една од моите омилени работи, кога станува збор за модата. Слично на моите песнни, тогаш гледам на какво место сум била во животот “- изјавила пејачката.

Тејлор Свифт открива дека размислува за започнување на сопствена модна линија, но кога станува збор за иднината не знае точно каде оди.

– „Првпат по 10 години не знам што ќе направама следно. По неверојатната година која е зад мене, одлучив да го намалам притисокот кон самата себе и да започнам да живеам малку поупуштено. Но она што секогаш ќе го правам е да пишувам песни“ – изјавила Тејлор.

Што се однесува до нејзиното момче Калвин Харис, изјавила дека се наоѓа во „магична врска“, но и дека интимата сака да ја задржи за себе.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com