HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешко повреден параглајдерист во близина на Ќафасан

Тешко повреден параглајдерист во близина на Ќафасан

Вчера околу 13:30 часот кај местото викано Три Шилки во близина на граничниот премин „Ќафасан“, од параглајдер паднал Д. Џ. (37) од Скопје, при што се здобил со тешки телесни повреди, поточно скршеница на клучна коска.

МВР информира дека по укажаната лекарска помош во Медицински центар – Струга, повредениот е пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com