HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка на Партизанска, судрени четири автомобили

Тешка сообраќајка на Партизанска, судрени четири автомобили

Вчера околу 21 часот на Партизанска, во близина на бензиската на Окта кај Сити мол, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале дури четири автомобили кои излетале и удриле во банкината.

Причините за несреќата се најверојатно влетување на еден од автомобилите во соседна лента по што биле судрени и останатите учесници, а не се исклучува можноста меѓу нив да имало и трка.

Повредени се три лица кои биле префрлени веднаш во болница, но без поголеми последици. Од МВР не откриваат засега повеќе детали за инволвираните и истрагата ќе продолжи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com