HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка на Водно: Се судрија мотор и велосипед, две лица повредени

Тешка сообраќајка на Водно: Се судрија мотор и велосипед, две лица повредени

Две лица се потешко повредени во тешка сообраќајка која попладнево се случила на Водно. Очевидци велат дека во сообраќајката учествувал мотоцикл и велосипед. Од се уште неутврдени причини, велосипедот управуван од тинејџер се судрил со мотоциклот.
vodno3-520x456
Нa лице место веднаш дошла екипа на Брза помош и полиција. Повредените за кои очевидците велат дека се во тешка состојба и дека обилно крвареле веднаш се префрлени во болница, но нема информации за нивната состојба. Полицијата врши увид, а сообраќајот е во прекин.

Фото: Република

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com