HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка во Валандово, има мртви и повредени

Тешка сообраќајка во Валандово, има мртви и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 10:40 часот на регионалниот пат кај раскрсницата Дојранска во Валандово, помеѓу моторно товарно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Л.П. од село Куклиш и патничко моторно возило „Застава 128“ управувано од 80-годишниот Т.Г.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото Т.Г. и сопатничката Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде мажот им подлегнал на повредите.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com