HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка во Аеродром, се судрија три возила

Тешка сообраќајка во Аеродром, се судрија три возила

Ова утро се случи тешка сообраќајна несреќа во Аеродром кога се судрија два автомобила „голф“ и „пежо“ и едно товарно возило. По завршувањето на увидот ќе бидат познати причините за несреќата. Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 7 и 30 часот на улицата „Трета македонска бригада“ во Аеродром.

Според информациите од СВР-Скопје, во сообраќајката учествувале три возила, „голф“ и „пежо“ со скопски таблички и едно товарно моторно возило со тетовски таблички. Во сообраќајката со полесни повреди се здобиле три лица што биле пренесени во градска болница.

ИЗВОР: http://telegraf.mk/aktuelno/hronika/ns-newsarticle-se-zdrobija-tri-vozila-teska-soobrakajka-utrovo-vo-aerodrom-foto.nspx

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com