HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка кражба во Битола, украдени пушка и куршуми

Тешка кражба во Битола, украдени пушка и куршуми

Вчера во битолската полиција, Д.В. (62) од Битола пријавил дека во периодот од 20 до 22 мај непознат сторител извршил тешка кражба во визба, сопственост на неговата сестра Љ.Ц.

Крадецот насилно влегол внатре, извршил пребарување и одзел пушка калибар 7,9 мм, околу 120 куршуми за истата, околу 15-20 куршуми за пиштол калибар 7,65мм и бензински агрегат, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com