HomeДЕНЕШНАРепубликаТетовчани протестираат против дивата депонија што го задушува градот

Тетовчани протестираат против дивата депонија што го задушува градот

Стотина жители на Тетово денеска напладне се собраа пред Општина Тетово за да побараат отстранување на дивата депонијата на влезот на градот, која со години ги труе тетовци.

tetovo deponija1

Граѓаните носеа транспаренти со натписи „Доста нè труете” и симболично истурија ѓубре на влезот на општината.

Тие претходно ги повикаа сите жители на градот заедно со своите семејства да излезат на протест, за да се стави крај на проблемот со дивата депонија. Протестот го организираа жители од Деребој, тетовската населба сместена до депонијата, заедно со локалните граѓански заедници.

tetovo deponia 3

Од депонијата и утрово се ширеше неподнослива миризба.

Извор: Радио МОФ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com