HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТетовско како дивиот запад: Вооружена престрелка со полицијата

Тетовско како дивиот запад: Вооружена престрелка со полицијата

Вчера околу 23:30 часот пред влезот на селото Чифлик, по претходна пријава за две сомнителни возила, биле упатени полициски службеници од Групчин кои се упатиле да извршат проверка. На влезот во селото биле паркирани автомобил „Опел Вектра“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало едно непознато лице и автомобил „Ауди А3“ со скопски регистарски ознаки во кое имало четири непознати лица.

Кога се доближиле полициските службеници, лицето кое било во автомобилот„Опел“ испукало неколку истрели од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле. Истиот по испукувањето побегнал во непознат правец. Нема повредени лица, а четирите лица од автомобилот„Ауди“ биле приведени во Секторот за внатрешни работи во Тетово и по извршениот разговор биле пуштени.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи во Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com