HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТетово: Шестмина повредени во две сообраќајни незгоди

Тетово: Шестмина повредени во две сообраќајни незгоди

Шест лица се повредени од кои две потешко во две сообраќајни несреќи што се случиле како последица на пребрзо возење во текот на вчерашниот ден во Тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Со повеќе повредени лица, четворица, завршила сообраќајката што околу 22 часот и 30 минути се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок во Калник кога патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Б.Ј.(22) од Мала Речица, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски електричен столб.

– Од излетувањето и ударот, сопатникот З.В.(20), исто така, од Мала Речица добил тешки телесни повреди – скршен череп, а другите двајца сопатници на возраст од 19 години од Тетово, како и возачот завршиле со телесни повреди. Со друго возило четворицата се пренесени во тетовската клиничка болница. Возачот Б.Ј. и сопатникот З.В. како итни случаи, но надвор од животна опасност по укажаната помош, префрлени се на скопските клиники, додека другите двајца сопатници се задржани за натамошно лекување во Тетово. По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид и се утврдува причината за сообраќајната несреќа. Првично, причина е неприлагодена брзина, а вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари, рече Јосифовски.

Втората сообраќајка се случила околу 18 часот и 50 минути на локалниот пат Сиричино-Туденце кога мотоцикл од непозната марка и без регистерски таблици што го управувал 15-годишник од селото Озормиште загубил контрола и излетал од коловозот. Возачот добил тешки телесни повреди, а неговиот 16-годишен сопатник и соселанец, полесни телесни повреди.

Со друго возило двајцата се пренесени и задржани во тетовската клиничка болница за натамошно лекување. Според податоците на Јосифовски, и во оваа несреќа како што е утврдено од извршениот увид причина е неприлагодена брзина односно пребрзо возење, додека материјалната штата дополнително ќе се утврдува.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com