HomeДЕНЕШНАСветТероризам го тресе Пакистан – расте бројот на жртви

Тероризам го тресе Пакистан – расте бројот на жртви

Најмалку 70 лица загинаа, а над 100 се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад пред влез на болница во пакистанскиот град Квета, изјави директорот на Градската болница, Абдул Рехман. Тој нагласи дека повеќето загинати се адвокати, додавајќи дека во неговата болница се префрлени 92 повредени лица.

Експлозијата се случила веднаш откако во здравствената установа било донесено телото на истакнатиот адвокатот Билал Каси, претседател на адвокатското здружение во Белуџистан, кој бил застрелан претходно во друг напад. Пред болницата се наоѓале голем број адвокати, кои пристигнале да изразат сочувство за убиениот колега, како и новинарски екипи, меѓу кои, како што се претпоставува, бомбашот го активирал експлозивот.

Началникот на полицијата во провинцијата Белуџистан, Санулах Зери изјави дека постои можност експлозијата да ја предизвикал бомбаш-самоубиец, а истрагата се уште е во тек. Засега никој нема преземено одговорност за инцидентот. Исто така, се уште не е познато ниту кој го убил адвокатот, кој бил застрелан на пат кон судот.

Фракцијата на пакистанските талибанци „Џамаат ур ахрар“ денеска ја презеде одговорноста. Оваа група преку електронска пошта ја информира јавноста дека ќе продолжи да изведува вакви напади и ќе лиферува видео материјали за нив. Претходно денеска со соопштение се јави и Исламска држава преземајќи ја и таа одговорноста за денешниот атентат врз болницата во пакистанскиот град Квета, пренесе ДПА.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com