HomeФЕР ПЛЕЈФаулТепачка меѓу Балисти и Шверцери во Чаир, повредени полицајци

Тепачка меѓу Балисти и Шверцери во Чаир, повредени полицајци

На вчерашниот натрпевар меѓу ФК Шкендија и Силекс дошло до инцидент меѓу тетовските навивачи „Балисти“ и домашните навивачи од Чаир организирани во групата „Шверцери“. Обезбедувањето и полициските службеници интервенирале при што дошло и до краток прекин на натпреварот.

Подоцна на враќање бил каменуван и автобус на Балистите. Повредени се четворица полицајци кои потоа се пуштени на домашно лекување. Шкендија, која натпреварите ги игра во Чаир поради реновирање на својот стадион, го совлада Силекс со 3-1.

Фото: telegraf.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com