HomeДЕНЕШНАРепубликаТензијата во Идомени не стивнува

Тензијата во Идомени не стивнува

Тензијата на македонско-грчката граница и понатаму расте. Пред неколку часови група бегалци повторно се обиделе да ја истегнат оградата, со цел да направата дупка за да может да помината на територијата на Македонија. Македонската полиција фрли шок бомби и солзавец кон нив со цел да ја разбие групата.Во моментов поголема група од неколку стотина се уште е собрана околу оградата, а интервенираат и специјалните сили на грчката полиција кои формираа блок пред бегалците и одат покрај нив како што се движат покрај оградата. Според информациите во Грција, групата која го започнала протестот можно е да се бегалци од Авганистан и Мароко. Надежите се бунтот да се смири за да се избегнат нови инциденти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com