HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТело на мртва жена се распаѓа среде Скопје – институциите го игнорираат

Тело на мртва жена се распаѓа среде Скопје – институциите го игнорираат

Тело на мртва жена два дена стои кај мостот близу Скопски саем и ниту една служба не доаѓа да го однесе. Семејството ја пронашло 35-годишната Весна Станковиќ почината вчера во шест часот наутро – објави Новатв.мк.

Телото на глувонемата жена стои надвор пред импровизираното живеалиште и веќе е во фаза на распаѓање, а топлото време уште повеќе допринесува на тоа. Уште оддалеку се чувствува непријатен мирис, а стаорците веќе почнале да го јадат телото. Тоа се случува под мостот кој од МРТВ води кон населбата Аеродром, на фреквентно место каде што постојано поминуваат луѓе и возила.

Нејзината свекрва, Севдије вели дека се јавувале секаде, но никој не дошол. Тие неможат да ја погребаат, таа е српски државјанин, а македонскиот пасош и бил во фаза на изработка. Таа има тригодишна ќерка, која е исто така глувонема.

Ниту обидите на невладината организација „Амбрела“ не ги покренале надлежните во Центарот за социјални работи, од Министерството за социјала, МВР и погребалното претпријатие АД Бутел да го тргнат телото од таму и да ја погребаат младата жена.

Семејството Мемедовски веќе 35 години живеат во Скопје, но се бездомници. Под мостот, во импровизирано живеалиште каде направиле и тоалет, се една година. Тие собираат пластични шишиња за да се прехранат. Апелираат до надлежните служби да дојдат што побргу и да го однесат телото, бидејќи 35 часа по нејзината смрт постои можност од заразни болести.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com