HomeДЕНЕШНАРегионТелохранителот на Бин Ладен го селат од Гвантанамо во затвор на Балканот

Телохранителот на Бин Ладен го селат од Гвантанамо во затвор на Балканот

Поранешниот телохоранител на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, ќе биде префрлен од затворот во Гвантанамо во Црна Гора, со што бројот на затвореници во тој воен затвор ќе се намали на 79, соопштил Пентагон.

„САД ѝ се благодарни на владата на Црна Гора поради подготвеноста да ги поддржи напорите на САД да го затвори притворскиот објект Гвантанамо“, стои во соопштението од Пентагон, пренесува AP.
telohranitel-bin-laden-crna-gora-01
Префрлањето на Абдел Малик Ахмед Абдел Вахаб ал-Рахаби, кој во Гвантанамо е од јануари 2002 година, го препорачале шест агенции и одделенија на американската влада, соопштил Пентагон. Уапсен бил во декември 2001. година во група со 31 припадник на Ал Каеда. Во затворот од неговата отворање, нешто по американската инвазија на Авганистан кон крајот на 2001 година, престојувале 780 затвореници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com