HomeДЕНЕШНАРепубликаТелма: Професоре А. Климовски – ЕЕЗ не е невладина организација

Телма: Професоре А. Климовски – ЕЕЗ не е невладина организација

„По вчерашната информација на ТВ Телма дека Макпетрол ќе го тужи професорот Александар Климовски за клевета изнесена во негово интервју за интернет портал и реакцијата на ТВ Телма за дисквалификациите кон нас од негова страна изнесени во тоа интервју, професорот повикувајќи се на член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, испрати барање за објавување на демант.

Со оглед на фактот дека во информацијата на ТВ Телма не е содржана никаква клевета спрема професорот Александар Климовски , во смисла на одредбите на член 14 од цитираниот закон, ТВ Телма нема намера да одговори на неговото барање за објавување на таканаречениот демант“, велат од телевизија Телма.

Од таму додаваат:

„Ниту имавме, ниту имаме намера да ги анализираме стручните квалификации на професорот Климовски. Но не можеме а да не забележиме дека професорот, со сиот свој стручен беграунд е недоволно информиран дека Европската енергетска заедница не е „периферна или невладина организација лобист на Макпетрол“, како што тој тврди во интервјуто за интернет порталот, туку е меѓународна организација формирана со меѓународен договор во 2005 година. А главната цел на формирањето на енергетската заедница е взаемно делување на Европската Унија и земјите од Југоисточна европа и проширување на внатрешниот енергетски пазар на ЕУ кон овие земји.

Овие информации професорот лесно можел да ги дознае, како и фактот дека Македонија е потписник на Договорот за формирање на Заедницата и е нејзин член од 1 јули 2006 година и дека токму преку ЕЕЗ земјите членки како обврзувачки ги превземаат сите директиви на ЕУ од енергетската сфера. Инаку, преку Енергетската заедница и нејзините тела, Брисел следи колку земјите се усогласени или ги следат европските регулативи од енергетскиот сектор, а не преку Европската енергетска комисија, како што тој вели, бидејќи такво тело не постои, а професорот веројатно мислел на Генералниот директоратот за енергетика“, се вели во реакцијата на телевизија Телма.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com