HomeДЕНЕШНАПолитикаТелевизиите ќе се казнуваат на десетата грешка, нема санкции за порталите

Телевизиите ќе се казнуваат на десетата грешка, нема санкции за порталите

Телевзиите ќе се казнуват по девет последователни грешки, односно на десетата направена грешка во текот на десет дена. Интернет порталите нема да бидат мониторирани. Овие предлози на Агенцијата за аудио и аудовизуелни медиумски услуги наидоа на најмногу забелешки во текот на денешната презентација на нацрт-методологијата за набљудување на електронските медиуми за време на претстојните парламентарни избори.

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, рече дека порталите не се вклучени во нацрт-методологијата поради тоа што во Македонија нема регистар на портали и затоа што, според евиденцијата во Централниот регистар, на најголем дел од порталите не им се знаат сопствениците, ниту кој ја креира уредувачката политика. Поради тоа, под мониторинг ќе бидат само телевизиите и радијата.
metodologija mediumiСпоред Иван Мирчевски од Канал 5, недозволиво е порталите да останат надвор од мониторингот, бидејќи, како што рече, преку нивното известување, во најголем дел се шири негативна енергија и зла крв. Според него, не е точно дека во други европски земји порталите не подлежат на мониторинг и во таа насока посочи дека на интернет постојат мерачи на популарност и читаност кои може да укажат кои се првите 100 или 150 најпосетувани страници во Македонија, за и тие да бидат вклучени во набљудувањето за време на изборите.

Зоран Фиданоски, член на АВМУ, пак, рече дека во Европа нема примери на мониторинг на порталите, додека како што посочи, говорот на омраза и сличните прекршувања се третираат во согласност со кривичните закони. Според Фиданоски, наместо на медиумите да им се остава простор од десет дена во кои ќе имаат право на девет прекршоци, треба да им се остави одреден период за приспособување од почетокот на мониторингот, кој ќе стартува сто дена пред изборите.

„Вака е можно еден медиум да се проектира така што ќе си дозволи девет грешки во период од десет дена, а десеттата ќе ја избегне и нема да биде санкциониран. Затоа сметам дека е подобро на медиумите да им се остави грејс-период во кој ќе се приспособат новите правила“, рече Фиданоски.

Нацрт-методологијата за следење на предизборното известување ја презентираше Емилија Петреска-Камењарова од АВМУ, која посочи дека мониторирањето ќе се одвива во три етапи: пред и од распишувањето на изборите, изборната кампања и изборен молк. Мониторингот, покрај квантитативната, предвидува и квалитативна анализа на известувањето, при што, како што рече, посебно е важно коментарите да бидат јасно издвоени од информативните содржини. Со квалитативните анализи ќе бидат опфатени повеќе аспекти на еден прилог: тонот на известување – дали е негативен, позитивен или неутрален; рамката во која се информира за релевантниот субјект; манипулативната употреба на филмови, слики и звуци; изборот на зборови или реченици, почитувањето на основните професионални стандарди при известувањето…

Во квантитативниот дел, нацрт-методологијата предвидува опозициските партии во делот на изборното претставување да бидат застапени со најмалку 50 проценти од времето што еден медиум ќе го издвои за партиите и функционерите од власта. Сто дена пред изборите, медиумите може да известуваат за редовните активности на органите на власта, но треба да внимаваат тоа да не биде во функција на изборно медиумско претставување.
mediumi
Вчера ЗНМ реагираше на овие предлози оценувајќи ги како неприфатливи. „На седницата на Советот на Агенцијата, претставникот на ЗНМ Зоран Фиданоски имаше неколку забелешки на нацрт-текстот на Методологијата. Според него, францускиот модел за балансирано известување надвор од изборни периоди избран од предлагачот (директорот и Стручната служба на Агенцијата) како модел за имплементација во 80 дена до почетокот на изборната кампања ги става во нерамноправна положба изборните аспиранти од власта и опозицијата.

Имено, моделот предвидува дека опозициските политичките партии – парламентарни и вонпарламентарни, функционери од редовите на опозицијата, како и коалиции, сојузи, граѓански организации и слично кои ја поддржуваат опозицијата треба да бидат застапени најмалку 50% од времето потрошено за партиите и функционерите од власта, потоа граѓанскиот сектор близок до власта, како и претседателот на државата на внатрешно-политички теми. Од ова време, се изземени известувањата какви што беа за поплавите во Скопско, кои според членот на Советот на Агенцијата од ЗНМ, ги имаа сите атрибути на предизборна кампања и каде на трагедијата и маката на луѓето погодени од невремето, се печалеа и се печалат предизборни поени со масовно медиумско прикажување.

Второ, предлагачот предвидел казна за медиум, само доколку во период од десет дена направил прекршок најмалку 10 пати. Ваквиот предлог дава можност повеќето од медиумите да ја продолжат праксата свесно да прават до девет прекршоци за тој период и да избегнат санкционирање. А, токму таквото известување да има пресудно влијание во формирањето на конечната одлука кај дел од граѓаните за кого да го дадат својот глас на претстојните предвремени избори.

Истовремено, претставникот на ЗНМ го поздрави востановениот принцип – секој од потенцијалните ангажирани надворешни монитори од Агенцијата (на прекинатиот пролетен изборен процес беа 77), меѓу другото, со нотарска изјава да гарантира дека не е член на ниту една политичка партија, што е еден од елементите за непристрасност при мониторирањето.

Според најавите а во согласност со законските рокови, Методологијата треба да биде изгласана од Советот на АВМУ до крајот на неделава. Нејзината примена се очекува да стартува од 3 септември.“

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com