HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиТВ Нова „претера“ со Груевски од Ватикан, Костовски бара да се преиспита

ТВ Нова „претера“ со Груевски од Ватикан, Костовски бара да се преиспита

Љубомир Костовски еден од петте члена на ад-хок комисијата за надзор на медиумите побара да се преиспита начинот на кој ТВ Нова извештуваше од Ватикан при канонизацијата на Мајка Тереза.

tv nova Gruevski-Vatikan-1

Според новинарот ТВ Нова давале 30 минутна изјава од Никола Груевски иако тој таму е како претседател на партија, а не како државен функционер, претседател или премиер, од кои пак немало никаков пренос на изјави, ниту пак бил застапен лидерот на опозицијата Зоран Заев.

„Проблематично беше што делегацијата иако ја водеше претседателот на државата, на ТВ Нова од него изјава немаше, но затоа во ударните вести се пренесуваше изјава од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски која траеше по половина час. Од другите претставници во делегацијата по една реченица, од опозицијата ниту една. Се добиваше впечаток дека Груевски е всушност премиер, што воопшто не е така. Ова е грубо кршење на принципот на еднаквост и како и пример за мешање на државата и партијата на власт од највисок вид“, вели Костовски.

Ад-хок телото ќе може да изрекува опомени, а потоа и казни за медиумите кои во наредниот период ќе известуваат небалансирано, непрофесионално и тендециозно според методологија која беше утврдена со договор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com