HomeДЕНЕШНАСветТајни агенти на ЦИА и други разузнавачки агенции биле клиенти на „Мосак Фонсека“

Тајни агенти на ЦИА и други разузнавачки агенции биле клиенти на „Мосак Фонсека“

Тајните агенти на неколку земји, вклучувајќи ги и агентите на ЦИА, ги користеле услугите на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ за да ги прикријат своите активности, се наведува во денешното издание на германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

„Тајните агенти и нивните доушници во голем обем ги користеле услугите на оваа компанија“, наведува весникот, што прв дојде до 11,5 милиони документи од „Мосак Фонсека“, попознати како „Панамски документи“.panama3Весникот, чие седиште е во Минхен, наведува дека меѓу клиентите на „Мосак Фонсека“ имало неколку учесници на аферата „Иран-Контра“, кога повеќе американски официјални претставници во 80-те години од минатиот век тајно организирале продажба на оружје за Иран за да го обезбедат ослободувањето на неколку американски заложници и за да го овозможат финансирањето на никарагванските контраши.

„Панама документите“, исто така, открија дека сегашни и поранешни високи претставници на тајните служби од најмалку три земји, Саудиска Арабија, Колумбија и Руанда се меѓу клиентите на оваа компанија, додава весникот.

Меѓу нив е и поранешниот шеф на саудиската разузнавачка агенција, шеик Камал Абдхам, кој почина во 1999 година, пренесуваат француските медиуми. Шеикот во текот на седумдесетите години на минатиот век беше еден од клучните агенти на ЦИА на Блискиот исток, наведува весникот.

„Зидојче цајтунг“ од анонимен извор доби огромен број документи од „Мосак Фонсека“ и истите ги подели со повеќе од 100 медиумски групи, преку Меѓународниот конзорциум на истражувалки новинари (ИЦИЈ).

„Панамските документи“ покажаа дека повеќе од 500 банки, нивните подружници и ограноци преку фирмата „Мосак Фонеска“ регистрирале речиси 15.600 офшор компании, а големо мнозинство од нив се основани во 90-тите, наведено е на сајтот на ИЦИЈ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com