HomeДЕНЕШНАРегионТачи апелира на помирување по нападот врз Парламентот

Тачи апелира на помирување по нападот врз Парламентот

Потребно ни е национално помирување и да не дозволиме насилство да се вгнезди во нашето Косово. Ова е апелот на косовскиот претседател Хашим Тачи по инцидентот со фрлената експлозивна направа во зградата на косовскиот парламент.

– Насилството носи страв, стравот носи омраза, а омразата потоа носи уште поголемо насилство. Ние може да не се согласуваме околу многу работи, но за она за кое треба сите да бидеме согласни е тоа дека насилството не треба да најде место во нашето Косово -апелира Тачи.

Тој најсилно го осудува синоќешниот напад врз зградата на законодавниот дом.

– Можеби не ги знаеме имињата на напаѓачите, но знаеме дека тие се луѓе кои не го сакаат Косово, не ја посакуваат европската иднина на нашите граѓани и не сакаат косовските деца да растат во мир – оцени Тачи.

Тој уште искажува доверба во правосудните органи дека ќе ги идентификуваат напаѓачите и ќе го расветлат случајот.

– Верувам дека сите ќе се обединиме и нема да дозволиме насилството да најде место во нашето општество – вели Тачи..

Непознати напаѓачи синоќа фрлија експлозивна направа во зградата на косовскиот парламент. Како што соопшти локалната полиција, експлозивот бил фрлен од растојание и при нападот нема настрадани лица.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com