HomeРЕФЛЕКТОРМузикаТапанарот Стивен Адлер повторно на сцена со „Guns and roses“

Тапанарот Стивен Адлер повторно на сцена со „Guns and roses“

Тапанарот Стивен Адлер му се придружи на рок бендот „Guns and roses“ на концертот во Синсинати прв пат после повеќе од четвртина век. Лидерот на бендот Аксел Роуз синоќа го претстави Адлер пред изведувањето на песните „Out Ta Get Me“ и „My Michelle“ од првиот албум на групата „Appetite for Destruction“, објавен во 1987 година.

Адлер беше исфрлен од групата во врвот на нејзината популарност во 1990 година поради дрога. Тој да свиреше со гитаристот Слеш и бас гитаристот Даф Мекаган во 2012 година кога „Guns and roses“ глегоа во куќата на славни на Рокенрол музиката, но тогаш го немаше Роуз.

„Guns and roses“ беа на летна турнеја на која Слеш, Роуз и Мекаган настапуваа заедно после повеќе од 20 години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com