HomeДЕНЕШНАСветТалибанскиот лидер Мансур ликвидиран од дрон

Талибанскиот лидер Мансур ликвидиран од дрон

Лидерот на авганистанските талибанци мула Ахтар Мансур е убиен во напад на американско беспилотно летало, изјави талибанскиот командант мула Абдул Рауф. Тој истакна дека Мансур е убиен во петокот доцна вечерта во погранична област меѓу Авганистан и Пакистан.

Канцеларијата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани потврди дека нападот е извршен, но не можеше да потврди дале е убиен Мансур. Премиерот Абдулах Абдулах, пак, изјави дека Мансур „најверојатно“ е мртов. Мансур ги предводеше талибанците, откако минатото лето беше објавена смрта на основачот на тоа движење мулата Мохамед Омар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com