HomeДЕНЕШНАПолитикаТалески ќе биде на слобода додека трае жалбената постапка во Врховен суд

Талески ќе биде на слобода додека трае жалбената постапка во Врховен суд

Специјалното јавно обвинителство ќе достави жалба до Врховниот суд по вчерашната одлука на Апелацискиот суд да не го прифати барањето на СЈО за продолжување на притворот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески и наместо тоа да му определи мерки за претпазливост – да се јавува во суд двапати неделно.

– Постојат две решенија. Првото решение е за барањето на одбраната да се укине куќниот притвор, кое Апелацискиот суд го прифати, а второто решение е за нашето барање за продолжување на куќниот притвор за кое Апелација одлучи да го преиначи во мерки за претпазливост. Второто решение, ние ќе го обжалиме пред Врховниот суд – рече Ристовска.

Додека трае жалбената постапка, градоначалникот Талески ќе биде на слобода, односно не е во куќен притвор и ќе може да се врати на работа.

Како што вели адвокатот Звонко Давидовиќ, веднаш штом се донесе решение за укинување на куќниот притвор, тоа стапува на сила. Според Давидовиќ, тоа е направено заради почитување на човековите права.

„Мета“ се обиде да стапи во контакт со градоначалникот Талески, но неговиот телефон е исклучен.

Извор: МЕТА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com