HomeДЕНЕШНАПолитикаТалески излегува од куќен притвор

Талески излегува од куќен притвор

Апелациониот суд во Скопје попладнево достави решение со кое жалбата на осомничениот В.Т. кој е дел од предметот на СЈО познат во јавноста како „Транспортер“, се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува, извести денеска скопска едница.

„Против осомничениот се определува мерка на претпазливост, обврска истиот да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основен суд во Битола“ се вели во известувањето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com