HomeДЕНЕШНАПолитикаТалевски останува во куќен притвор – одлучи Апелација

Талевски останува во куќен притвор – одлучи Апелација

Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1 му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талевски за дополнителни 30 дена по барање на СЈО. Од судот информираат дека Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на одбраната на Талевски во врска продолжувањето на притворот од 21 јули, по што го потврдил решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал.

„Денеска Апелацискиот суд Скопје го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за осомничениот В.Т. кој е дел од предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“, а ја одби жалбата на осомничениот против мерката куќен притвор. Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје денеска исто така донесе и решение со кое мерката куќен притвор против осомничениот В.Т. се продолжува за 30 дена“ – стои во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com