HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТаксист и патничка загинаа на Партизанска

Таксист и патничка загинаа на Партизанска

Такси возач вчера неколку часа по полноќ со возилото Мерцедес удрил најпрво во дрво, а потоа се излизгал на коловозот. Од силниот удар на лице место погинале и такси возачот, како и неговата сопатничка, жена на возраст од 37 години. Несреќата се случила на булеварот Партизански одреди во близина на „Симпо“. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата. Телата на починатите се дадени на обдукција, а автомобилот е однесен на вештачење.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com