HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТажна исповед на португалскиот херој, Едер: Често го посетувам татко ми во затвор

Тажна исповед на португалскиот херој, Едер: Често го посетувам татко ми во затвор

Напаѓачот, кој го постигна победоносниот гол против Франција во финалето на Европското првенство, открива дека неговиот татко 16 години е во затвор поради убиство на неговата макеа.

Досега ова никој не го знаел што и не е изненадување бидејќи фудбалерот на Лил не беше многу популарен. Тоа се смени по постигнатиот победоносен гол во финалето од Европското првенство со кој Португалија ја освои титулата.

– Татко ми е во затвор. Таму е уште од кога имав 12 години. Мојата маќеа почина и тој беше обвинет дека ја убил. Мислам дека го осудија на 16 години – кажа Едер.

28-годишниот напаѓач на Лил е роден во африканската држава Гвинеја-Бисау, но неговите се доселиле во Португалија уште додека бил бебе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com