HomeДЕНЕШНАРепубликаТажна вест, почина режисерката Билјана Гавранлиева

Тажна вест, почина режисерката Билјана Гавранлиева

Денеска во Берлин почина македонската режисерка на документарни филмови, Билјана Гарванлиева.

„Почитувани пријатели, денес не напушти Билјана Гарванлиева. Имав чест и радост да помогнам и учествувам во реализацијата на нејзиниот последен видео документарен запис. Почивај во мир!“, напиша уметникот Јован Балов на социјалните мрежи.

Гарванлиева имаше само 43 години. Во кариерата изработи повеќе кратки документарни филмови кои привлекуваа огромно внимание на филмските фестивали ширум Европа, а беше ангажирана и како сценарист на новиот игран филм „Златната петорка“ кој наскоро ќе има премиера.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com