HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО проверува дали Талески од куќен притвор потпишува документи

СЈО проверува дали Талески од куќен притвор потпишува документи

Тројца истражители на Специјалното јавно обвинителство вчера во Општина Битола вршеле увид во врска со спроведувањето на куќниот притвор врз градоначалникот Владимир Талески. Од Специјалното јавно обвинителство за „Мета“ ја потврдија информацијата.

Оттаму велат дека истражителите треба да проверат дали евентуално има пропусти во спроведувањето на куќниот притвор, односно дали Талески потпишува документи и презема службени дејствија додека го издржува притворот.

Неофицијално, доколку истражителите на СЈО утврдат дека има пропусти во спроведувањето на мерката, можно е да биде побарана промена на куќниот притвор со построга мерка за обезбедување на присуство. Од СЈО засега не сакаат да коментираат какви мерки ќе преземат или ќе предложат доколку се констатираат пропусти.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

Инаку, Талески е во куќен притвор од 20 јуни, кога битолската полиција почна да ја спроведува мерката, што судија на претходна постапка му ја изрече на битолскиот градоначалник четири дена претходно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com