HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО не ја прифаќа аболицијата – отворена нова истрага „Транспортер“

СЈО не ја прифаќа аболицијата – отворена нова истрага „Транспортер“

СЈО не ја прифаќа аболицијата на Иванов изјави денеска Специјалното јавно обвинителство на прес-конференција. СЈО најави нова истрага која се однесува на превозот на ученици во Општина Битола насловена „Транспортер“.

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи рече дека предметот е преземен од Основното јавно обвинителство – Битола и дека од прибраниот доказен материјал СЈО има сериозни уверувања дека Општина Битола преку нејзиниот градоначалник веројатно плаќал поскап превоз од оној од Токио.

„Градоначалникот на Битола и претседателот на Комисијата во договор со директорите на основни и средни училишта и со превозниците и нанеле вкупна штета од 22.024.891 денар или околу 360 илјади евра за само две учебни години“, рече Фетаи.

На прес-конференцијата, Катица Јанева истакна дека СЈО досега има покренато пет истраги и дека ќе продолжи да работи согласно законот. Специјалната обвинителка, Ленче Ристовска потенцираше дека СЈО не му дало податоци на претседателот Иванов во однос на лицата за кои се водат постапки. И ним им е нејасно како податоците завршиле кај претседателот затоа што многумина од лицата за кои се однесува аболицијата никогаш не биле јавно споменати.

Затоа СЈО не ја коментира листата со аболицирани, освен оние за кои веќе имаат јавно соопштено дека им е покрената истрага. СЈО сака да знае кој ги оддал на Иванов тајните информации за да може да покрене постапка и за тоа. Дополнително, Ристовска извести дека тројцата обвинители на кои се однесува аболицијата на Иванов не ја прифаќаат затоа што не може да бидат ставени сите во ист кош.

На прес-конференцијата на СЈО присуствуваа повеќе странски дипломатски претставници во земјава, меѓу кои и амбасадорите на Германија, Велика Британија и на Италија, Кристине Алтхаузер, Чарлс Гарет и Ернесто Белели.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com