HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО нема да ги оправда отсутните сведоци и осомничени, туку приведува

СЈО нема да ги оправда отсутните сведоци и осомничени, туку приведува

Специјалното јавно обвинителство најави дека повеќе нема да ги толерира бесконечните одложувања на распити на сведоци или осомничени кои одбиваат голем број на покани со најразлични оправдувања.

Нема можност за бекство или нејавување на поканите на СЈО на лицата кои тоа ќе ги повика како осомничени или како сведоци повеќе од два пати, по информациите дека некои од сведоците во предистражните постапки изјавувале дека се на одмор или службен пат, или пак едноставно ги игнорирале поканите. Тоа се однесува и на лицата кои доставиле и боледување како оправдание, како што е случајот со еден од клучните сведоци кого СЈО го канело уште од мај, пренесува порталот sdk.mk.

Налог за апсење ќе биде издаден без оглед дали лицето се наоѓа во земјава или во странство и од СЈО очекуваат висок степен на соработка со домашните и меѓународните институции доколку биде потребни и пресметани се сите ризици.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com