HomeДЕНЕШНАСкопјеСЦ Борис Трајковски со нова содржина за рекреација: „Ајде да возиме заедно“

СЦ Борис Трајковски со нова содржина за рекреација: „Ајде да возиме заедно“

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со нова содржина за сите оние кои сакаат да спортуваат и да возат рекреативно велосипед – „ИЗНАЈМИ ВЕЛОСИПЕД-АЈДЕ ДА ВОЗИМЕ ЗАЕДНО“.

„Спортскиот Центар БOРИС ТРАЈКОВСКИ е институција која што секојдневно години наназад заедно со граѓаните ја гради довербата и е во функција на граѓаните, од најмалите, до највозрасните.

За таа цел ние не престануваме со новитетите,кои што воедно се и наша обврска да им излеземе во пресрет на граѓаните, воведуваме нова содржина „ИЗНАЈМИ ВЕЛОСИПЕД-АЈДЕ ДА ВОЗИМЕ ЗАЕДНО“.

Во првата фаза од овој проект воведуваме во употреба 20 велосипеди од различни видови, меѓу кои наменети за мажи, жени и деца, се со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и нивните потреби, за да ги користат за рекреативно-спортски намени. Преку сукцесивна јавна набавка треба да се набават вкупно 35 велосипеди во зависност од искористеноста на капацитетите, за која всушност и воопшто не се сомневаме.

Сакаме да ја искористиме привилегијата на благопријатната местоположба на која се наоѓаме, веднаш до кејот на реката Вардар каде што почнува рекреативната патека, која се протега на потегот до централното градско подрачје, а за оние кои имаат посериозни намери за рекреативен велосипедизам и до крајот на стазата во Ново Лисиче, односно о. Аеродром.

Сите оние што сакаат да ја користат услугата „ИЗНАЈМИ ВЕЛОСИПЕД-АЈДЕ ДА ВОЗИМЕ ЗАЕДНО“, ќе ја имаат можноста да го сторат тоа веднаш до службениот влез на ВИП Арената во рамките на Спортскиот Центар БOРИС ТРАЈКОВСКИ, во периодот од 15.04. до 15.10. во годината, секој работен ден (Понеделник-Сабота) со работно време од 07:00 до 22:00 часот и Недела со работно време од 17:00 до 21:00 часот.

Би сакал да искористам прилика и да појаснам дека земајќи ја во предивд взаемната доверба помеѓу Спортскиот Центар БOРИС ТРАЈКОВСКИ и граѓаните, одлучивме цената да биде симболична и во интерес на граѓаните и да изнесува само 50,00 денари за секој започнат час, почнувајќи од моментот на изнајмувањето на велосипедот.

Оттука би сакалe да ги повикамe сите оние граѓани кои што сакаат да спортуваат и да возат рекреативно велосипед, да се обратат во Спортскиот Центар Борис Трајковски, каде што нашата обврска е да им понудиме перфектни услови во нивна корист.

Родители, деца, спортисти, рекреативци, пензионери, одвојте дел од вашето време и зајакнете го вашиот спортски дух“, се вели во информацијата од спортскиот центар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com