HomeДЕНЕШНАЕкономијаСУТКОЗ: Првиот човек на Сојузот на синдикати работи по партиска директива

СУТКОЗ: Првиот човек на Сојузот на синдикати работи по партиска директива

Синдикатот на вработените во угостителство и туризам обвинува дека претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски врши упад во синдикатот и дека се обидува да го растури. Според СУТКОЗ врз членовите на синдикатот се вршеле притисоци да потпишат бланко документи со кои ќе се бара разрешување на нивниот синдикален лидер. Никој од претседателите на синдикалните организации не го потпишал спорниот документ за кој им било кажано дека е партиска наредба.

Од СУТКОЗ велат дека во обидот за упад се вмешани функционери од Министерството за труд и социјална политика, градоначалници и директори на јавни претпријатија за кои најавија кривични пријави. Од Синдикатот се незадоволни од претседателот на ССМ и ќе побараат негово отповикување. Велат дека Митревски е нелегитимно избран, но и дека несовесно ја врши оваа функција.

Митревски вели дека обвинувањата се неосновани и дека не се меша во работата на гранковите синдикати кои се самостојни. Тој ги оцени тврдењата како неосновани и тенденциозни.

Од СУПОЗ денеска прашаа зошто Митревски го игнорира штрајкот на судската администрација и протестот на професионалните војници. Неколку претседатели на синдикални совети ќе поднесат иницијатива за свикување на вонреден совет на ССМ на кој ќе се гласа за недоверба на Митревски.

Од СУТКОЗ очекуваат против првиот синдикалец да гласаат 30 делегати од вкупно педесет и двајца.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com