HomeДЕНЕШНАСветСупертајфун во Тајван, ветарот побрз од Формула 1

Супертајфун во Тајван, ветарот побрз од Формула 1

Илјадници луѓе биле евакуирани во јужен Тајван откако била прогласена алармантна ситуација поради најсилната олуја оваа година. Супертајфунот „Меранти“ го погодил Тајван, а брзината на ветерот изнесувала и до 370 километри на час, што е побрзо од брзината со која се движат автомобилите во Формула 1, пренесуваат странските медиуми.

Училиштата и Канцелариите биле затворени, а десетина летови биле откажани. Две лица биле повредени а повеќе од 260.000 домаќинства останале без струја, навеле функционерите. До седум часот по локално време, околу 1.500 лица биле евакуирани од загрозените подрачја. Биле ангажирани околу 4.000 воени и полициски лица, меѓутоа функционерите не очекуваат поголема штета.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com