HomeДЕНЕШНАЕкономијаСудските административци се состанаа со министерот. Дали ќе им бидат одобрени барањата?

Судските административци се состанаа со министерот. Дали ќе им бидат одобрени барањата?

Министерството за правда конечно ги прими судските административци. По долго игнорирање, денеска министерот Валдет Џафери ги прими претставниците на синдикатот и претседателите на Врховниот суд, судскиот совет, републичкиот јавен обвинител и претседателот на здружението на судии. Тие се согласни дека барањата на УПОЗ се оправдани, а министерството за правда најдоцна до вторник ќе извести за нивните постапувања.

Охрабрување за УПОЗ пристигна и од јавниот правобранител кој по поднесената претставка покрена постапка, а од надлежните институции бара детални информации за барањата на судските административци. По вчерашните нови форми на притисок, УПОЗ остварил средба и со претставници на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и ДПА, но не и со ВМРО ДПМНЕ. За нив, барањата на сдминистративците се прифатливи и сметаат дека треба да се подржат бараните измени, но конкретниот став ќе го соопштат после состаноците што ќе ги одржат со своите пратенички групи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com