HomeДЕНЕШНАЕкономијаСудските административци го радикализираат штрајкот

Судските административци го радикализираат штрајкот

Судската администрација ќе го радикализира штрајкот кој трае веќе 14 денови. Штрајкот можел да биде спречен, велат од Синдикатот на УПОЗ, но со писмото што поранешниот претседател на судскиот совет, Бранко Ушковски, го испратил до Владата го сменил неговиот тек. Наместо да биде прифатено барањето на судската администрација, Владата се управувала според советите на Ушковски кој ги дискредитирал барањата на Синдикатот, велат од таму.

Во изјава за 24 вести минатата недела Ушковски не го демантираше дописот и изјави дека само во СЈО платите биле зголемени. Сега од УПОЗ најавуваат дека Штрајкот ќе се заостри. Судскиот совет инаку побара список на штрајкувачи во судовите, тврдејќи дека се работи за законски потег.

„Правото за учество и синдикално делување во време на штрајк предвидува евиденција на штрајкувачите со цел непречно организирање на работата на судот и пресметка на исплатата на плата во услови на штрајк и тоа во висина од 60 проценти од платаата исплатена во претходниот месец. Затоа, до претседателите на судовите го испратив дописот со кој ги задолжив да достават списоци на вработени во судовите кои писмено се изјсниле дека учествуваат во штрајкот“ – стои во соопштенито на претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски.

Од Синдикатот на УПОЗ велат дека Судскиот совет на овој начин врши притисок врз вработените и дека се обидува да го скрши отпорот на штрајкувачите. Од таму додаваат дека судските власти сакаат да го дислоцираат гневот на вработените кои два пати ги осакатуваат, еднаш со тоа што не им ги зголемуваат додатоците, а вториот пат со кратењето од плата.

извор:24 вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com