HomeДЕНЕШНАПолитикаСудскиот совет избра 25 судии

Судскиот совет избра 25 судии

Судскиот совет избра 28 судии во повеќе судови во Македонија. Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја поминале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, додека за во повисоките судови кандидатите биле избрани според потребните критериуми – бодови и стаж како судии.

Најмногу кандидати беа пријавени за пет слободни места во Апелациониот суд во Скопје, односно 68 кандидати. Од потребните области, двајца судии се за во граѓанската област, еден судија за кривичната област и по еден судија за трговската област и за областа работни односи.

На денешната седница беа избрани и четворица судии од граѓанската област за Врховниот суд. Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, вели дека при изборот на судии се раководеле строго од Законот за судови и од критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите, а не според нечија желба или припадност, како што обвинуваат многумина.

Тој додава дека Судскиот совет е независно тело на независната судска власт и најавата за избори не го спречува да врши избор на судии. Иако денеска беа избрани 25 судии, Караџовски вели дека процедурата за избор е сложена и дека повторно недостасуваат судии во повеќе судови.

„Со денешниот избор на судии надминат е балансот на испразнети судиски места кои треба да бидат пополнети. Ни остануваат уште мал број огласи, така што ќе се трудиме како Судски совет да немаме вакви обемни огласи кои ќе се одолжуваат и да немаме непотребни реакции во јавноста“, вели Караџовски. Со нови судии беа пополнети и неколку места во основните судови во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com