HomeДЕНЕШНАПолитикаСудската администрација незадоволна, од утре најавен штрајк

Судската администрација незадоволна, од утре најавен штрајк

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи соопштува дека штрајкот во судовите кој двапати беше одложен и презакажан ќе започне утре и ќе трае се додека нивните барања не бидат исполнети.

„УПОЗ заедно со Здружението за судска администрација со цел изнаоѓање решение за исполнување на барањето за добивање и исплата на додатоци на плата во висина од 35% за судската служба на два пати донесоа одлука со која се одложи штрајкот првично најавен за 03.05.2016 година.

Одложувањето на штрајкот беше резултат на Одлуката на Владата што ја донесе на 25–та седница на која ја усвои Информацијата за обезбедување на финансиски средства за зголемување на надоместоци и додатоци на вработените во судовите и му препорача на Судскиот буџетски совет преку Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства за таа намена.

Бидејќи до денес Синдикатот на УПОЗ нема добиено повратна информација дали Министерството ќе постапи по препораката на Владата на Р. Македонија штрајкот во судовите продолжи, а за подетални информации во врска со штрајкот јавноста ќе биде информирана на Прес конференција која Синдикатот на УПОЗ ќе ја одржи утре“, се наведува во соопштението испратено до медимите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com