HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот повторно не се соочи со Савевски и Куновски од Левица

Судот повторно не се соочи со Савевски и Куновски од Левица

Судот ниту денес не се соочи со членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Рочиштето е одложено бидејќи од обвинителството не биле доставени сите прекршочни пријави по кои ќе се постапува кој за каква штета ќе одговара нанесена врз Народната канцеларија на претседателот Иванов.

Тие исто така не добија ниту промена на мерката на обезбедување за ненапуштање на државата иако од МВР им ги вратија патните исправи.

– Сакам да нагласам дека иако судот на претходното рочиште нас ни ја укина мерката за забрана за излез од државата, полицијата користи бирокрaтски механизми, цели два месеци да не ја трга забраната за излез од државата за мене и колегата Куновски. Тоа го сметам за изживување, но нека не берат гајле, нас не можат така лесно да не скршат. Режимот кој е осомничен за сторен крупен криминал и крадење на народните пари шетаат слободно, борците против криминалот, режимот води постапки против нив, рече Здравко Савески за Нова ТВ по денешното рочиште.

Од страна на Јавното правобранителство штетата беше проценета на 522 илјади денари. Судењето продолжува на 18. октомври

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com