HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот ги одби мерките за претпазливост на Јанкулоска

Судот ги одби мерките за претпазливост на Јанкулоска

Судија на претходна постапка при скопскиот Кривичен суд донесе решение со кое го одби како неоснован предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против Г.Ј. во врска со случајот „Тврдина“.

– Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерки за претпазливост против Г.Ј. опфатена во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, која претходно беше сослушана во врска со предлогот, донесе решение со кое предлогот на обвинителството го одби како неоснован, се вели во денешното соопштение од скопскиот Кривичен суд.

Оттаму додаваат дека за другите лица опфатени со овој предмет испратени се покани дополнително да се јават кај судијата на претходна постапка за да се произнесат за предложените мерки.

– Што се однесува до другите лица опфатени со овој предмет за кои се предложени мерки за претпазливост, а кои претходно не беа сослушани, бидејќи СЈО побара изземање на судијата во врска со предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничената Г.Ј., по што судијата ја прекина постапката и не продолжи со распитот на останатите осомничени, за нив испратени се покани дополнително да се јават кај судијата на претходна постапка за да се произнесат за предложените мерки, се додава во соопштението од Судот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com