HomeДЕНЕШНАСветСудот во Хаг одлучи. Кина нема право на Јужно море, а изградила писти, пристаништа…

Судот во Хаг одлучи. Кина нема право на Јужно море, а изградила писти, пристаништа…

Падна одлука во Хаг која би можела да ги зголеми тензиите. Територијалните спорови во Јужното кинеско море помеѓу Манила и Пекинг ги разрешил судот во Хаг. Иако Кина со сите сили се борела против одлуката за стратешка зона, арбитражниот суд пресудил дека немаат право на економската зона и дека со своите постапки го загрозиле суверенитетот на Филипините, пренесува Reuters.

Пекинг веќе најавил дека нема да ја прифати одлуката на судот во Хаг, односно пресуда кој ќе биде во корист на Филипините. Кина на планира да се откаже од изградбата на вештачки острови и бази на коралните гребени во тоа подрачје, бидејќи, тврдат, тоа претставува важен пат за нивната трговија.
kina juzno more pista
Филипините се само една во низата земји кои полагаат право на дел од морето, односно на клучните транзитни рути. Во меѓународната заедница се појавил страв од избивање на судири во тоа подрачје кои би можеле да ја уништат глобалната трговија. Во овој територијален спор се вклучени и Виетнам, Малезија, Брунеј и Тајван, а индонезискиот претседател Јоко Видодо веќе пратил војска со цел зголемување на поморската контрола над водите кај островот Натуна. Не требало да се чека долго на одговор од Кина, која пратила повеќе од 20.000 воени рибар на спорното подрачје.
kina juzno more 1
САД повикале на почитување на одлуката на судот, и ги повикуваат “сите вмешани сили да избегнат провокативни акции или изјави”. Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ју, минатата седмица изјавил дека сака мирно решение, но дека одлуката на арбитражниот суд само ќе доведе до зголемување на тензиите во регионот.
kina juzno more 2
Кинезите за време на судскиот спор таму граделе нови писти, пристаништа и други инсталации на вештачките острови, за да го засилат своето барање за слободни трговски патишта, кои тврдат дека им се витална важност. Иако Кина тврди дека сите градби се однесуваат исклучиво на цивилни потреби, Грегори Полинг од CSIS нагласува дека нивната цел е засилување на воената моќ во регионот. „Тоа ќе ја зголеми способноста на Кина за дополнителна патрола и следење на активностите во Јужното кинеско море“, рекол Полинг. Минатата недела кинеските медиуми објавија дека Пекинг е подготвен за „воени судири“ со САД во регионот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com