HomeДЕНЕШНАРегионСудири меѓу мигрантите и полицијата во Идомени

Судири меѓу мигрантите и полицијата во Идомени

 

Во бегалскиот камп Идомени на грчко-македонската граници денеска избија судири меѓу мигрантите и полицијата. Барајќи отворање на границата 40 мажи се судрија со полицијата. Повеќе недели над 11.000 луѓе се блокирани  во импровизираниот бегалски капм Идомени откако минатиот месец низа европски земји ги затворија границите за бегалците. Бегалците демонстрираа со стоење на шините и скандирање да се отвори границата. Повеќе од 53.000 мигранти се блокирани во Грција по затворањето на границите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com