HomeДЕНЕШНАПолитикаСудењето за „Диво насеље“ продолжува зад затворени врати

Судењето за „Диво насеље“ продолжува зад затворени врати

По едномесечна пауза, судскиот процес за случувањата во кумановската „Диво Насеље“, денеска продолжува во Кривичниот суд во Скопје. Денешното рочиште е сè уште затворено за јавноста, бидејќи во тек е испитувањето на заштитените сведоци, полициски службеници кои учествувале во борбените дејствија од 9 и 10 мај минатата година.

За месец септември закажани се пет рочишта од судскиот процес.

Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна на почетокот на февруари годинава. На почетокот на јуни, целиот процес почна одново откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.

Во настаните во Куманово животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, додека во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com