HomeДЕНЕШНАСветСубрата Рој пуштен од затвор

Субрата Рој пуштен од затвор

Субрата Рој, Индискиот бизнисмен кој македонската Влада го донесе како инвеститор во Македонија, а потоа тој заврши во затвор, од денеска е повторно на слобода. Субрата Рој по две години поминати во затворот Тихар во Индија привремено е ослободен за да присуствува на погребот на неговата мајка.

Субрата веднаш после излегувањето од затвор го привлече вниманието бидејќи излезе ќелав и со мустаки, а наместо своите препознатливи одела брз ракави, носеше традиционална индиска облека.

Како што пишуваат индиските медиуми, бизнисменот нема да се врати во затвор, бидејќи првичната четиринеделна условна слобода е продолжена до 11 јули, до кога Рој треба да обезбеди кауција во висина од околу 30 милиони американски долари, што за него не би требало да претставува проблем.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com