HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСуарез ја заврши сезоната со повреда

Суарез ја заврши сезоната со повреда

Најдобриот стрелец на Барселона, Примера и Европа Луис Суарез, ја заврши сезоната на лош начин. Уругваецот заработу повреда на задната ложа, во второто полувреме од последниот натпревар за неговиот тим во оваа сезона. Суарез се повреди на натпреварот на Барселона против Севиља на Винсенте калдерон при резултат од 0-0, за накрај неговиот тим да го добие натпреварот после продолженија со конечни 2:0.

Суарез остави зад себе фантастична сезона постигнувајќи 53 погодоци на 53 натпревари, од кои 40 во шпанското првенство, па се очекува да ја освои наградата за најдобар стрелец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com